Варвициотис: Исходот од Самитот на ЕУ не е пријатна разврска за Грција

Разврската од Самитот на ЕУ не е пријатна за Грција и не оди во корист на стабилноста во регионот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкото радио „Реал фм”, истовремено истакнувајќи дека ни разделувањето на кандидатурите на Северна Македонија и Грција немаше да биде во прилог на стабилноста на регионот.

– Сигурно е дека тоа не е пријатна разврска за нас. Тоа е разврска што не е во корист на стабилноста во регионот. Но, би ви рекол и дека немаше да биде во корист на стабилноста на регионот и одлука што ќе велеше „да” за Скопје, „не” за Тирана, бидејќи во суштина ќе го радикализираше албанскиот елемент кој има многу големо влијание како во Скопје, така и во Косово, вели Варвициотис, додавајќи дека ставот на многумина, а меѓу нив и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, бил дека „не е во корист на стабилноста на регионот разделување на двата случаи”.

Прочитајте и...  Нови два случаи на коронавирус во Романија

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Варвициотис, објасни дека и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и премиерот Мицотакис, но и тој лично, минатата седмица на состаноците на ЕУ, излегле со став дека првпат во историјата постои можност „на север да се граничиме со земји кои полека го добиваат статусот член на Европската Унија”.

Во однос на ЕУ перспективата на земјава, тој вели дека таа „не била поништена, туку само одложена”.

– Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот – рече Варвициотис.

Прочитајте и...  Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Во интервјуто за грчкото радио тој уште еднаш повтори дека Грција „притиска за спроведување” на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тоа прашање било една од темите на средбата што ја имаше со вицепремиерот Бујар Османи.

Прочитај повеќе

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар

Слободен печат

Нови два случаи на коронавирус во Романија

Слободен печат

BMW X1 е роденденскиот подарок за Тања од Скопје

Слободен Печат

Апостолска: Развивме економски мерки кои овозможија значајна поддршка за бизнис секторот

МИА

Алкалоид – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2019 година

Слободен Печат

Турција не ја менува одлуката, сириските мигранти тргнаа кон Европа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок, го унапредуваме квалитетот на грижа за секое дете

Слободен печат

Над Хрватска експлодираше метеор (ВИДЕО)

Слободен печат

Влада: Да се превземат мерки при покачување на цените на средствата за заштита од кронавирусот

Слободен печат

Вучиќ: Најавата за укинување на таксите на Курти е нов трик и обид за измама

Слободен печат

Скопје повторно ќе го зафати силен ветер со брзина од над 70 километри на час

Слободен печат

Петревска: Будно се следи состојбата на јужната граница, бидејќи сме свесни дека тоа може да биде проблем во државата

Слободен печат