Јанис Варуфакис

Варуфакис сега го викнале во полиција зашто порано користел дрога

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис е повикан во полициска станица во Атина на испрашување, откако минатата недела откри на поткаст дека во минатото еднаш зел екстази и танцувал 16 часа, пренесе „Катимерини“.

Во објава на „Икс“, Варуфакис рече дека двајца полицајци го посетиле неговиот дом за да му ја достават поканата, наредувајќи му да се појави пред полицијата за наркотици. Тој рече дека е повикан не како сведок, туку како осомничен, опишувајќи го развојот на настаните како „вест што би била смешна ако не беше толку страшна“.

„Решен да не правам како Бил Клинтон (се сеќавате на смешното „Не вдишав“?), реков дека сум“, рече Варуфакис во својата објава. Тој признал дека користел марихуана во минатото и опишал едно искуство со екстази во Сиднеј пред 36 години, додавајќи дека иако на почетокот му било пријатно и „танцувал 16 часа без напор“, тоа резултирало со мигрена што траела една недела и го одвратило од повторно користење дрога.

Поранешниот грчки министер Варуфакис откри дека еднаш танцувал 16 часа, бил издрогиран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот