Вархељ: Опција е да се раздвојат Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ ако нема решение со Бугарија

Оливер Вархељи, Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Опција е да се раздвојат Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ, ако Македонија и Бугарија не најдат заедничко решение за проблемот, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ за „Еуроњуз“.

Според него ако и натаму наидеме на потешкотии со Северна Македонија, тоа би значело неуспешни преговори со Бугарија,  а тогаш би можеле да продолжиме само со Албанија.

-Треба да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархељ. 

Досега преговорите меѓу Македонија и Бугарија тапкаат во место. Во Бугарија ќе има нови избори. Бугарскиот претседател Румен Радев ги закажа изборите за 11-ти јули. Претходно, оние кои го добија мандатот не успеаја да формираат Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот