Вархеј: Борбата против корупцијата во Црна Гора е клучна цел за пристапување во ЕУ

Борбата против корупцијата е клучна цел во процесот на пристапување на Црна Гора во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, додавајќи дека Европската комисија внимателно го следи напредокот на таа земја во областа на владеењето на правото.

Во одговор на прашањето во Европскиот парламент за малтешките инвестиции во Црна Гора и обвинувањата дека во тие бизниси имало корупција, Вархеј истакна дека се очекува Црна Гора да воспостави евиденција на ефикасни и конкретни истраги, кривични гонења и пресуди во корупциски случаи и организиран криминал.

„Европската комисија внимателно го следи напредокот на Црна Гора во овие области, вклучително и преку извештаите за проширување на ЕУ, кој ЕК го усвои на шести октомври 2020 година и очекува сите наводи за корупција да добијат веродостојни, независни и ефикасни институционални одговори“, рече Вархеј .

Според Вархеј, „владеењето на правото е една од основните вредности на ЕУ и пресуден елемент во процесот на пристапување, кој го одредува темпото на преговори на Црна Гора”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот