Вардарки не го даваат Купот

Кошаркарките на Вардар трета година по ред се победнички во Купот на Македонија откако во овогодишното издание беа подобри од Бадел 1862 со 50:40.

Вардарки до победата дојдоа со подбра игра во второто полувреме откако по неизвесното прво полувреме (26:23), умешно ги казнуваа грешките на кошаркарките на Бадел 1862 и на крајот дојдоа до триумф изразен до двоцифрена разлика.

За МВП на натпреварот беше прогласена Славица Наков од ЖКК Вардар која во финалната пресметка постигна 23 поени. Во редовите на Бадел 1862, најрасположена за игра беше Сандра Лазареска со 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот