Вардар со триумфот над Татран си го обезбеди првото место во СЕХА

фото: рк вардар

Актуелниот шампион успеа да дојде до нов триумф во СЕХА лигата и да си го осигура првото место во групната фаза. Вардарци во последниот натпревар пред своите гледачи во 2019 година го победија Татран Прешов со 28:26 во натпревар во кој „црвено-црните“ покажаа две лица.

Гостинските ракометари беа подобар тим во првото полувреме кое го решија во своја корист со 13:17.
Во вториот дел на теренот доминираше Вардар кој прво со серија од 5:0 и осум минути без примен гол, успеа да ја анулира предноста на Татран, а во 41. минута да дојде и до првото водство на натпреварот (21:20). Оттогаш па се до крајот на средбата, вардарци ја имаа контролата  врз играта, а единствено што успеаја да направат гостите беа да израмнат на пет минути до крајот (25:25). Одговорот дојде преку головите на Стилов и на Атман, но и на клучната одбрана на одличниот Гедбан за два гола предност во последната минута.Точка на натпреварот стави Дибиров за конечни 28:26.

Најпрецизни во редовите на Вардар беа Иван Чупиќ и Павел Атман со по пет гола, додека Калифа Гедбан имаше со осум одбрани.

Со победата, Вардар дојде до 24 бодови со кои го обезбеди првото место на табелата во групата А и ќе ја прескокне осминафиналната фаза во СЕХА Лигата. Последниот натпревар во 2019 година, вардарци ќе го играат во недела кога му гостуваат на Нексе

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот