Вардар сезонава се врати на врвот, а пред 33 години со Хаџиевски на клупата ја имаше една од најдоминантите генерации
Вардае сезонава по шест години се врати на тронот на македонскиот фудбал, а во оваа прилика би можеле да се потсетиме и на една од најдоминантите генерации која некогаш ја имал најтрофејниот фудбалски колектив кај нас.
Препорачано
Станува збор за генерацијата на Вардар од сезоната 1992/93. „Црвено-црните“ тогаш ја освоија титулата со дури 21 бод предност во однос на второпласираниот Силекс, во период кога за победа се доделуваа само два бода. Според денешниот систем со три бода за триумф, предноста на Вардар би изнесувала неверојатни 31 бод.
Вардар одигра фантастична сезона и по 34 натпревари остана непоразен, со учинок од 27 победи и седум ремија. Тимот од клупата го предводеше Ѓоко Хаџиевски, додека прво име на теренот беше легендарниот напаѓач Саша Ќириќ, кој постигна 36 голови.
Покрај шампионската титула, вардарци таа сезона стигнаа и до двојната круна. Во финалето на Купот на Македонија го совладаа големиот ривал Пелистер со минимални 1:0, а стрелец на победничкиот погодок беше Жанко Савов.
Неделковски: Во мое име, и во име на ФК Вардар се извинувам што испеавме вулгарна, навивачка песна
Неделковски: Во мое име, и во име на ФК Вардар се извинувам што испеавме вулгарна, навивачка песна


