фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар лесно го совлада Новаци и обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Македонија

После вчерашните возбудливи натпревари во Скопје и Куманово, денешниот дуел од осминафиналето на Купот на Македонија донесе очекуван резултат. Вардар ја потврди својата доминација во националниот куп, победувајќи го второлигашот Новаци со 3-1 и обезбеди место во четвртфиналето.

„Црвено-црните“ повторно го елиминираа Новаци во Купот на Македонија за втора година по ред. Овојпат, победата дојде полесно отколку минатата сезона, кога Вардар славеше на гостински терен.

Енис Спахиу ја отвори контролата на резултатот во деветтата минута, а десет минути подоцна, Азер Омерагиќ зголеми на 2-0. Новаци, сепак, успеа да постигне единствениот гол на средбата во финишот на првиот дел, кога Стефан Јовановски погоди од пенал.

Во вториот дел, победата за Вардар ја потврди Ворен со трет гол, поставувајќи го конечниот резултат на 3-1.

Со оваа победа, Вардар стана седмиот четвртфиналист на Купот на Македонија, придружувајќи се на Струга Трим Лум, Силекс, Работнички, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Охрид. Последниот осминафинален натпревар ќе се одигра за две недели, кога Шкендија ќе се соочи со Тиквеш.

Преземено од: Спорт.ком

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот