Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Вардар 1961 брка триумф против Бенфика во Лига Европа

Денеска ракометарите на Вардар 1961 од 20.45 часот ќе го играат третиот натпревар од главната фаза во Лига Европа, а во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа Бенфика од Португалија.

Бенфика славеше на домашен терен на 17 февруари против скопските „црвено-црни“ со резултат 40:35.

Играчите на тренерот Иван Чупиќ им се вратија на победите седум дена подоцна откако пред своите навивачи со 37:33 беа подобри од германскиот Мелсунген.

Македонскиот претставник со нова победа ќе биде поблиску до следната фаза, потсетување, првото место носи директен пласман во четвртфиналето, а втората и третата позиција носат плејоф.

Во групата 3, претходно од 18.45 часот во Шведска ќе играат екипите на Кристијанштад и Мелсунген.

Моментно на табелата Мелсунген има шест бодови, пред Бенфика и Вардар 1961 по четири, а два има Кристијанштад.

Составот на Вардар 1961 за денешниот меч против Бенфика: Фереира, Валах, Воркапиќ, Боно, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, Марчинијак, Матиаба-Тузолана, Хориха, Анастасовски, Франциско да Силва, Малус, Пинто, Јанковски.

– Живееме само за овој натпревар. Не нè интересира што било, ниту што следи. Сакаме полн „Јане Сандански“ и да го покажеме нашето вистинско лице. Целта е секогаш иста – да се бориме на сите полиња и да играме со најдобрите. Сите мора да дадат нешто повеќе. Во Лига Европа мора да бидеме „300 на саат“. Нема луксуз, нема избор. Само работа, дисциплина и карактер – се зборовите на Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот