Вандализам врз синагога во Софија: Осамна некролог на Хитлер и кукасти крстови

Маскирани момчиња залепија некролог за Адолф Хитлер на синагога во Софија/Фото: Скриншот/btv

Ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови се појавија во саботата во зградата на синагогата во Софија, додека внатре се одржуваше молитва, објави БТВ.

„На денот кога славиме сабат во јудаизмот – околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски“, вели Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија.

Излегува дека вакви вандалски акти се случуваат секоја година, вели тој.

„Претходно имаше луѓе кои фрлаат камења по синагогата, пред една година беа исцртани свастики. За жал, досега нема процесуирано ниту еден случај на тема антисемитизам“, објасни Делчев.

Според обвинителството во Софија, делото може да има антисемитски мотив, иако велат од еврејската заедница, тешко е да се идентификуваат сторителите.

„Имаме еден случај кога сторителот е фатен и изведен на суд за непристојно однесување“, објасни тој.

Еврејската заедница во Софија изрази револт и загриженост поради ширењето на говорот на омраза.

Окружното обвинителство на Софија добило пријава во врска со некролозите на Хитлер залепени на фасадата на софиската синагога и започна истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот