Валкан потег кој предизвика тешка несреќа: Велосипедист во кома откако беше турнат од колега (ВИДЕО)

принтскрин

Тежок инцидент ја одбележа завршницата на првата етапа од велисипедската трка „Околу Полска“ која се возеше од Чорзов до Катовице.

Имено, во последните метри во спринтот за победа во првата етапа се бореа Холанѓаните Дилан Гроневеген (Џамбо-Висма) и Фабио Јакобсен (Квикстеп). Во тие моменти Јакобсен се обиде да го претекне Гроневеген користејќи мал простор помеѓу него и заштитната ограда, но велосипедистот на Џамбо-Висма при брзина од 80 километри на час сакаше да го затвори просторот и го испружи лакотот што донесе катастрофални последици.

Јакобсен удри во заштитната ограда, направи салто во воздух и удри во судијата кој беше задолжен за фото-финиш.
Бидејќи заштитната ограда заврши на патеката, при поминување на целната линија паднаа уште неколку велосипедисти кои на крајот завршија во болница.

Поради валканиот потег Гроневеген е дисквалификуван од трката и му е одземена победата која му е доделена на Јакобсен но тоа е мала утеха за велосипедистот бидејќи се наоѓа во вештачка кома на одделението за интензивна нега во болницата во Катовице, а состојбата во последните часови му се влошила.

– Вистина е, неговиот живот е загрозен. Загуби многу крв и се здоби се бројни повреди на главата. Му ги ослободивме дишните патишта, срцето работи нормално, но сепак животот му е во опасност – изјави докторката Барбара Јершина.

Поради валканиот потег на Гроневеген своја истрага најави и меѓународната велосипедска федерација (УЦИ).

„Го осудуваме опасното однесување на Дилан Гроневеген кој го турна Фабио Јакобсен во заштитната ограда и предизвика масовен пад на велосипедистите. Ваквите испади се неприфатливи и ќе бараме сериозни казни“, стои во соопштението на УЦИ.

Според полските медиуми, сериозни повреди опасни по животот заработил и судијата на кој налета Јакобсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот