Валандово е пример за мултикултуризмот

При остварената средба во Општина Валандово, градоначалникот Перо Костадинов го запозна директорот на Управата за унапредување на јaзиците на заедниците Милутин Станчиќ со развиениот мултикултуризам во неговата општина.

Тие заеднички го посетија ООУ „Страшо Пинџур” во Јосифово каде се уверија и констатираа дека во оваа општина и ова училиште на најдобар начин и практичен пример се потврдува мултиетничкиот карактер на функционирањето на мозаикот во образовниот систем.

Имено, имплементацијата на изучувањето на изборниот предмет Јазик и култура на Србите го следат и Македонци и Срби.

Учениците добија училишни помагала и нови училишни ранци, а предивидено е за време на летниот распуст сите ученици да посетуваат летни едукативни школи како во земјава така и во Србија. А, предвидена е можност учениците кои во Србија следат настава на македонски да бидат гости во РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот