Ваков гест не се случил во Македонија досега: Охридски газда ги затвори своите објекти и на вработените им плати одмор во Турција

Фото: Twitter

Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, стои во објава на Твитер.

-ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive. Многу од нив прв пат се качија во авион, пишува на Твитер налогот на Плавуша со црн корен.

На фејсбук-профилот на овој објект на 11 септември е споделена објава која гласи дека периодов ИТ кафе нема да работи поради колективен одмор на вработените.

Вакво хумано дело од бизнисмен досега не е забележано во Македонија, посебно не во време кога многу приватни бизниси „настрадаа“ поради пандемијата од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот