Вакцината на „Фајзер“ одобрена и во Мексико, првите дози пристигнуваат уште овој месец

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Властите во Мексико ја одобрија вакцината на Фајзер и Бионтек против ковид-19, откако здравствениот регулатор во земјава даде зелено светло, со што Мексико стана четвртата земја во која ќе се користи оваа вакцина против ковид-19. 

„Кофеприс одобри итна употреба на вакцините на Фајзер и Бионтек – рече заменик-министерот за здравство Уго Лопез-Гател на прес-конференција. 

– Тоа е причина за надеж –  додаде тој.

Мексиканската влада нарача 34,4 милиони дози вакцина на „Фајзер“, а првите пратки треба да пристигнат веќе овој месец.

Вакцината на Фајзер и Бионтек беше одобрена од Велика Британија, Канада и Бахреин пред Мексико, а подоцна и од САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот