Том Круз со синот Конор Круз/Фото: EPA/MIKE NELSON

ФОТО | Вака изгледа денес „заборавениот“ син на Том Круз и Никол Кидман, кој наполни 31 година во јануари

Додека своето единствено биолошко дете, ќерката Сури, не ја видел повеќе од една деценија, холивудскиот актер Том Круз одржува редовен контакт со своите посвоени деца – синот Конот и ќерката Изабела. Конор Круз, кој го прослави 31-от роденден во јануари, е многу близок со својот татко, додека има комплициран однос со мајка си, и се појавува многу ретко во јавноста.

Во животот на Том Круз и неговата тогашна сопруга, оскаровката Никол Кидман, влезе во 1995 година, кога имаше само неколку месеци. По разводот на некогаш моќната славна двојка, Конор Круз и неговата постара сестра Изабела продолжија да живеат со својот татко во Лос Анџелес. И двајцата ја чуваат својата приватност подалеку од медиумите и љубопитните луѓе.

Конор Круз/Фото: Принтскрин/Инстаграм

И додека Изабела понекогаш се појавува со својата мајка на јавни настани, обично модни ревии, Конор почесто може да се види со Том. Последен пат беа забележани во 2024 година на хелиодром, а една година претходно беа снимени заедно како го промовираат седмиот дел од франшизата „Невозможна мисија“ во Њујорк.

Посвоениот син на Том Круз живее во Флорида и неговиот секојдневен живот е мошне едноставен. Далеку од гламур. Како страсен рибар, Конор претпочита да поминува време на брод со пријателите, што го докажува неговиот инстаграм-профил, каде што, судејќи според фотографиите, „главните ѕвезди“ се сабјарка, туна, сом…

Конор Круз/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Има и неколку снимки од голф терени, каде што исто така сака да поминува време со пријателите.

Иако како тинејџер се појави во неколку филмови („Седум животи“ од 2008 година со Вил Смит, каде што ја играше помладата верзија на главниот лик, „Крвава зора“ од 2012 година…), Конор Круз не тргна по стапките на своите познати родители. Тој се откажа од глумата и се посвети на студиите – на Универзитетот во Пенсилванија дипломирал спортски менаџмент.

Конор Круз/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот