Вајнстин се договорил да плати 44 милиони долари оштета

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Харви Вајнстин се спогодил да плати 44 милиони долари за решавање на судските случаи поднесени од жени кои го обвинија за сексуално вознемирување и од јавниот обвинител на Њу Јорк, пишува ЊуЈорк Тајмс дознавајќи од анонимни извори.

Исходот од овие спогодби ќе биде особено важен поради кривичните пријави против него за сексуално насилство.

Вајнстин се соочува со криминални обвиненија во Њу Јорк за наводно сексуално насилство врз две жени. Но повеќе од 80 жени го обвинија познатиот продуцент за сексуално вознемирување, што е прекршок но не и кривично дело. Така да, деталите од било која спогодба, која што вклучува признание на Вајнстин дека сторил прекршок, ќе биде значајно за кривичните обвиненија против него.

Предложената сума е помалку од половина од што првично беше дискутирано да се додели на жртвите помеѓу група инвеститори кои сакаа да ја купат филмската компанија на Вајнстин „Вајнстин компани“ и Ерик Шнеидерман кој беше во тоа време јавен обвинител на Њу Јорк. Тогаш, предложениот договор, кој пропадна во последен момент, вклучуваше фонд за жртвите од 90 милиони долари.

Според она што е предложено сега, околу 30 милиони долари ќе одат за наводните жртви, кредиторите на „Вајнстин компани“ и неколку поранешни вработени на Харви Вајнстин. Останатото од сумата ќе оди за судски трошоци.

Вајнстин не одговорил на повиците од ЊуЈорк Тајмс за коментар, а ниту од Јавното обвинителство на Њу Јорк не сакале да коментираат за тоа дали е навистина постигнат договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот