Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ужас во Тетовско: Насилник го избол вујкото со нож, ги избркал родителите, жена со деца бегала преку прозор

Ужасен инцидент со насилство, во кој е ранет еден човек, се случило минатата недела во тетовското село Челопек. 29-годишен насилник барал пари од родителите, а тие избегале во куќата на неговиот вујко. Но, напаѓачот ги следел и таму, каде пред деца кои биле во куќата се заканувал и се обидел со нож да ја отвори вратата. Мајка со две деца избегала преку прозорец, а кога вујкото на насилникот се обидел да го смири, тој го пробол со нож и избегал, велат од Обвинителството.

„Осомничениот 29-годишник од Челопек, на 16 октомври, ја загрозил сигурноста на сопствените мајка и татко кои насилно ги избркал од дома, заканувајќи им се по живот затоа што одбиле да му дадат пари. Родителите се засолниле во домот на вујкото, но за кратко време осомничениот дошол и со нож на расклопување во раката се обидел насилно да влезе во куќата, во која имало и други членови на семејството, меѓу кои и две деца. Викал и агресивно се однесувал во дворот, се заканувал на сите присутни и пробал со сила да ја отвори вратата, поради што една од оштетените жени со децата на возраст од 6 и 1 година преку прозорец ја напуштиле куќата. Осомничениот успеал да ја скрши вратата и да влезе, а кога сопственикот на куќата се обидел да го смири, тој го пробол со ножот и му нанел телесна повреда, по што се дал во бегство“, пишува во соопштението од ОЈО.

Обвинителството бара притвор за осомничениот насилник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот