Утринско искушение за убав почеток на неделата: Плазма коцки со путер од кикиритки

плазма колач
Фото: Profimedia

Ништо подобро од протеински богат почеток на денот и слатко освестување за убав почеток на неделата.

Светските патници многу добро знаат и не забораваат на „Reese’s“ колачињата, слаткото задоволство кое е неодоливо за сите љубители на путер од кикиритки.

Во обид да си го дозволиме тоа задоволство за убав почеток на денот, плазма коцките со путер од кикиритки се едноставни, лесни за приготвување и ни нудат утринско разигрување на непцето.

 

Состојки

300 гр мелена плазма

400 гр шеќер во прав

200 гр путер

300 гр путер од кикиритки

Глазура:

150 гр путер од кикиритки

200 гр млечно чоколадо

50 гр сецкани кикиритки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inside Or Outside (@insideoroutside)

Подготовка

Во садот истурете мелена плазма и шеќер во прав . Промешајте ја смесата со шпатула.

Додадете путер од кикиритки и убаво измешајте ја смесата со рака. На крајот, додадете го растопениот путер и продолжете со мешање.

подготовка
Фото: Profimedia

 

Кога убаво ќе се соедини смесата, префрлете ја на плех обложен со хартија за печење. Истурете ја смесата убаво со раката и израмнете ја со шпатула.

Оставете ја тавата да се излади во замрзнувач околу 15 минути.

Во меѓувреме, подгответе ја глазурата. Во растопеното чоколадо додајте путер од кикиритки и лесно измешајте со шпатула додека убаво не се соедини смесата.

Истурете ја глазурата над изладениот колач и посипете со сецкани кикиритки. Оставете ја тортата добро да се излади. Сечеме коцки со саканата големина и уживаме во прекрасниот вкус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cornish Sea Salt (@cornishsea_salt)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот