Утрехт можен противник на Академија Пандев

Македонските претставници во квалификациите за Лигата на Европа ги добија можните противници во второто коло.
Екипата на Академија Пандев доколку излезе како победник во двомечот со претставникот од БиХ, Зрињски, во второто коло од квалификациите за ЛЕ го очекува холандскиот прволигаш Утрехт.

И останатите две македонски екипи во ЛЕ добија тешки противници. Македонија ЃП ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу ФЦСБ и Милшами. ФЦСБ е поранешниот романски и европски шампион Стеауа, која откако го загуби спортот со Армијата на Романија, мораше да го промени името и грбот, но и да се откаже од сите титули. Претходно, „лавовите“ ќе мора во првото коло да го елиминира ерменскиот Алашкерт.

Екипата на Шкупи, доколку биде подобра од Пјуник од Ерменија, ќе си обезбеди двомеч со чешкиот прволигаш Јаблонец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот