Утре наутро -8, во текот на денот до 15 степени

Времето утре наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 3, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот