Утре ќе се расчистува мостот во населбата Превалец кој по невремето е затрупан со гранки и друг смет

Мостот во Населбата Превалец, на регионалниот пат Велес-Чашка кој по саботното невреме од порои на дожд е затрупан со гранки и друг смет, поради неможноста да се вклучи механизација од утре ќе се расчистува рачно за што денеска се подготвува теренот, изјави за МИА директорот на ЈКП „Дервен” Тони Јовиќ.

Тој информира дека екипи на ЈКП „Дервен” од утрово рачно расчистуваат земја, песок и камчиња од наносите од невремето во Населбата „Превалец” која е најпогодена од саботното невреме. Најави дека од утре ќе се чистат и затнатите атмосферски канализаии во Превалец и во Велес.

Воедно ќе се чисти и затнатиот атмосферски канал во галеријата под пругата што води кон спортската сала „Гемиџии”. Тој веќе беше чистен минатата недела, но, по саботното невреме е повторно затрупан со кал. Јовиќ најави дека вработени на ЈКП „Дервен” утре ќе го исчистат и измијат овој премин и улиците во градот ќе бидат измиени со цистерни со вода.

По препорака на Општинскиот штаб за заштита и спасување ЈКП „Дервен” е задолжен да врши редовна проверка на исправноста на водата за пиење со цел да се обезбеди чиста и здрава вода за пиење.

Поплавата во Велес остави пустош: Во Превалец урнати куќи, оштетени улици и затната канализација (ФОТО+ВИДЕО)

Прочитајте и...  Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Врачено Рациновото признание за 2020 на Томислав Османли

Слободен печат

Швајцарците го одбија предлогот на десницата за ограничување на имиграцијата од земјите на ЕУ

Слободен печат

Инцидентите со полицајците под лупа на Македонскиот полициски синдикат

Биланси од судирите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Акар: Анкара го поддржува Баку

Слободен печат

Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Слободен печат

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат

Рама од Валона најави: Албанија ќе ги олесни анти-ковид мерките

Слободен печат

Силен земјотрес во близина на Света Гора

МИА Агенција

Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

МИА Агенција