Утре и за викендот посебен сообраќаен режим поради Задушница

Фото: Слободен печат

Поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02), како и во деновите од викендот (22 и 23.02), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул. „Александар Урдаревски”, во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул. „Боца Иванова” и излегување од ул. „Боца Иванова” кон ул. „Александар Урдаревски”.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по ул.„Црногорска”, а на гробиштата „Камник” – по ул. „Јужноморавски бригади” и ул. „Роман Каскалиевиќ”.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот