Уставен суд / Фото: Уставен суд
Уставен суд / Фото: Уставен суд

Уставен суд контра правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди

Oспорена е содржината: „Во воените објекти се забранува вршење на верски обреди”, информираат од Судот.

По иницијатива од Зружението за развој Млади за јавен интерес Дебар, Уставниот суд поведе постапка за Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија од 16.07.2012 година.

Имено, оспорена е содржината: „Во воените објекти се забранува вршење на верски обреди”, информираат од Судот.

Во оваа фаза од постапката, Судот изразил сомнеж дека оспорениот акт не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок утврдени во Уставот, односно на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, владеењето на правото, како и на членовите 3,8 и 20 од Законот за правна положба на црквата, верска заедница и религиозна група.

Според Уставниот суд, со донесувањето на ваква одредба началникот на Генералштабот на АРМ ги пречекорил своите законски овластувања и се ставил во улога на законодавец, бидејќи таква содржина не може да биде уредена со подзаконски акт.

Уставниот суд направил анализа и оценил дека уредувањето на условите под кои може да се оствари правото на слободно вршење на верски обреди во рамки на вооружените сили претставува исклучиво „materia legis”, oдносно законска материја и во никој случај не може да се регулира со Правило.

Согласно ова, Уставниот суд цени дека оспорената одредба може да се доведе под сомнеж за неговата уставност и законитост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот