Заеднички час на платото на УКИМ, студентите оддаваат почит на жртвите во Кочани / Фото: Слободен печат

УСС на УКИМ се извини откако политичари го „киднапираа“ денешниот собир, на следните нема да зборува никој

Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во врска со говорите на ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова и на министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот собир пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој беше организиран за да им се оддаде почит за 59 загинати во трагедијата во Кочани.

Во објавата на „Фејсбук“, од УСС велат дека ги прифаќаат критиките во врска со настанот и додаваат дека на наредните собири кои се предвидени до 21 март, нема да има никакви обраќања.

„Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви обраќања“, пишува во објавата.

Од УСС не објаснуваат дали организаторите ги поканиле да зборуваат ректорката на универзитетот, проф. д-р Билјана Ангелова и министерката за образование Весна Јаневска. Јаневска во обраќањето цитираше песна од Ацо Шопов која беше протолкувана како повик до студентите да молчат. На собирот потоа се обрати и единствениот студент кој зборуваше, за да им порача дека „не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жрвите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот