Успешно заврши трансплантацијата на бубрег на Клиниката за урологија, во тек е втората – Верче денеска спаси три животи

Дваесет и седум годишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40- годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од  починатиот донор.

Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи.

Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти  со ортопедски болести.

Бубрезите од донорот на срцето ќе се трансплантираат денеска, коските во наредните денови

https://www.slobodenpecat.mk/sakame-da-spasime-zhivoti-veli-bratot-na-devojkata-chii-organi-bea-daruvani/https://www.slobodenpecat.mk/verche-ja-udril-mlad-vozach-na-peshachki-premin-vo-strumicza/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот