фото: Скијачка федерација на Македонија

Успешно заврши 41. издание на Шарпланинскиот куп – третопласирани Ева Милевска и Мирко Лазарески

Попова Шапка беше центарот на скијачките возбудувања на Балканот. Со врвни натпревари, импресивни настапи и несекојдневна атмосфера, 41. Шарпланински куп заврши на најдобар можен начин – со возбуда, спортски дух и многу адреналин.

На снежните падини на Шара, во динамичните слаломски трки, 37 учесници од девет различни држави се натпреваруваа за престижниот пехар, носејќи неизмерна енергија и страст кон спортот. Овој куп не е само натпревар – тој е симбол на традиција, посветеност и љубов кон скијањето.

На церемонијалното затворање, освен скијачката елита, присуствуваа и претставници од Министерството за спорт, Собранието и Општина Тетово, поддржувачи на настанот, како и љубители на зимските спортови, кои имаа чест да ги прослават успесите на најдобрите натпреварувачи.

– По 12 години пауза, со голема гордост го вративме најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот – реномираниот Шарпланински куп. Овие два натпреварувачки дена донесоа возбудливи трки, одлични натпреварувачи од целиот регион и незаборавно спортско дружење. Неизмерна благодарност до сите спортски клубови, спортски работници и поддржувачи за нивната помош и придонес кон реализацијата на овој куп. Македонија уште еднаш докажа дека има капацитет да организира настан од ваков ранг, а ова е само почеток – со голема посветеност ја продолжуваме традицијата на Шарпланинскиот куп –  изјави Дејан Пановски, претседателот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ).

Победници на 41 Шарпланински куп

Категорија жени:
1.Лирика Дева – Косово
2.Миа Паул – Бугарија
3.Ева Милевска – Македонија / Арба Папуци – Косово

Категорија мажи:
1. Константин Стоилов – Бугарија
2. Иван Главчев – Бугарија
3. Мирко Лазарески – Македонија / Марко Семерџиев – Бугарија

Скијачка федерација на Македонија уште еднаш изразува огромна благодарност до поддржувачите – Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт, ски-центарот Попова Шапка, УНИ Банка, ПСС, МРТВ и Вертиго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот