Уште едно бизарно име: Илон Маск има уште едно тајно дете со Грајмс?

Илон Маск и Грајмс на црвениот тепих на Мет гала во 2018 година / Фото: Profimedia

Утре излегува нова биографија на Илон Маск, во која авторот Волтер Ајзаксон тврди дека милијардерот има трето, тајно дете со неговата поранешна партнерка Клер Елис Буше, попозната како Грајмс.

Ајзаксон е докажан новинар и автор на биографии, меѓу кои и онаа за животот на Стив Џобс„Steve Jobs“ (2011), која беше одлично прифатена од страна на читателите ширум светот.

Меѓу другото, во новата книга за Илон Маск, што ја рецензира „Њујорк Тајмс“, е откриено и името на тајното дете на милијардерот и пејачката – Техно Механикус.

Разгледувајќи ја биографијата, писателката на „Њујорк Тајмс“ Џенифер Салаи вели: „Музичарката Грајмс, мајка на трите деца на Маск (постоењето на третото дете, Техно Механикус, досега се чуваше во тајност), го опишува неговиот ‘демонски’ бес како начин на размислување што ‘предизвикува многу хаос’. Таа, исто така, инсистира дека тоа му овозможува да ја заврши работата“.


Како потсетување, Илон Маск и Грајмс ја започнаа љубовната врска во мај 2018 година, а првото јавно појавување го имаа на црвениот тепих на Мет гала истиот месец.

По кратката разделба, двојката ја обнови врската и во јануари 2020 година тие објавија дека музичарката е бремена. За време на нивната врска тие добија две деца – синот „X Æ A-Xii“ во мај 2020 година и ќерката Екса Дарк Сидаераел во декември 2021.

Тие повторно раскинаа во септември 2021 година, но останаа во коректен и близок однос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот