УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА МОЌТА НА ЕЛ ЧАПО: Лично му дал милион долари на братот на претседателот на Хондурас

Мексиканскиот наркобос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, на братот на претседателот на Хондурас му дал милион долари мито, пари наменети за првиот човек на таа држава, Хуан Орландо Ернандез, според објвиненијата на судењето во Њујорк, објави „Блиц.рс“.

Братот на претседателот, Хуан Антонио „Тони“ Ернандез е уапсен во Мајами во ноември и обвинет е, меѓу другото, за договарање на увоз на кокаин во САД.

Заменикот на државниот обвинител Џејсон Ричман, според информации од Би-Би-Си,кажа дека обвинетиот „бил заштитен и имал пристап до својот брат, актуелниот претседател на Хондурас, човек кој сам примил милиони долари мито, пари заработени од дрога“. Обвинителот навел дека парите од еден од најголемите дилери на кокаин Ел Чапо лично ги испорачал на обвинетиот за неговиот брат.

Претседателот на Хондурас силно реагираше на обвиненијата на Твитер и порача дека не ги примил парите кои наводно се дадени на неговиот брат. Тој повторно е избран во 2017 година, на избори за кои неговите противници велат дека биле наместени.

Ел Чапо оваа година во американски суд е осуден на доживотна казна затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот