twitter.com/TransferBrief

Уште двајца си одат од Милан, доаѓа Кореа!?

Милан е активен на трансфер пазарот во пресрет на новата сезона, претходно веќе ангажираа нов напаѓач за 35 милиони евра.

Пред неколку дена премиерлигашот го купи Патрик Кутроне кој исто така беше дел од Милан, па сега има намера да купи уште двајца „росонери“.

Англиските медиуми информираат дека со реализацијата на овој трансфер се занимава Мендеш, агентот кој го донесе Кутроне во Англија и дека целата зделка набргу ќе биде завршена.

Инаку, Силва ова лето за малку ќе заминеше за Монако, но трансферот пропадна откако Португалецот не ги помина лекарските прегледи, додека што се однесува до Кесие, новиот тренер на Милан Марко Џампаоло јасно му даде до знаење дека не смета на неговите услуги.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, се согласил со Милан за личните услови, додека клубовите се уште преговараат за износот на трансферот.

Според „Диарио АС”, тимот од „Сан Сиро“ понудил 40 милиони евра за крилниот играч на Аргентина, додека Шпанците бараат 50. Кореа се гледа како замена за Кутроне но тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне се уште размислува дали да го продаде.

Кореа има договор со шпанскиот клуб до 2024 година, но се очекува да си замине летово, во изминатите четири години има „само“ 30 голови. Инаку, клаузулата во клубот од Мадрид му изнесува 100 милиони евра, но се очекува договорот да падне на 40 плус пет милиони евра бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот