Уште тројца работници тешко се повредиле на работа — во Виница, Куманово и на патот Кичево-Охрид
42-годишен работник од Виница е тешко повреден откако паднал од голема висина додека работел во фабрика во градот, соопшти МВР.
Препорачано
„Вчера во 12:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека при извршување работни задачи во фабрика во Виница, од висина паднал В.М.(42) од Виница и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кочани, а потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е запознаен јавен обвинител, а полицијата извршила увид“, пишува во полицискиот билтен.
Во исто време, МВР јави и дека работник од Струшко е тешко повреден при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево.
„На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од село Мороишта, струшко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила, соопштија од полицијата. Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор“, велат од полицијата.
Третиот случај на тешко повреден работник во изминатите 24 часа е забележан во Куманово, каде настрадал работник во каменолом.
„На 28.04.2026 во 13:34 часот во СВР Куманово е пријавено дека во каменолом на ул.„Народна револуција“ со тешки телесни повреди се здобил В.П.(57) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во каменоломот, констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
За две години двојно е зголемен бројот на работници загинати на работно место


