Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Лице врши дезинфекција на училница во скопско училиште / Септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На вчерашната седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот линк: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/izvestaj_od_komisijata_za_davanje_soglasnost_za_rabota_na_ucilistata_so_fizicko_prisustvo_06102020_1.pd

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот