УС Опен: Медведев без милост за Тиафо, Азаренка во четвртфиналето

epa08118534 Danil Medvedev of Russia in action against Novak Djokovic of Serbia during their semi-final match on day nine of the ATP Cup tennis tournament at Ken Rosewall Arena in Sydney, Australia, 11 January 2020. EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS EDITORIAL USE ONLY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Данил Медведев му препушти само пет гема на Френсис Тиафо во осминафиналето на УС Опен.

Петтиот носител славеше со убедливи 6:4,6:1,6:0 за точно 100 минути игра.
Медведев во првиот сет веднаш направи два брејка и дојде до предност од 5:2, а рибрејкот на американскиот тенисер само на момент го забави освојувањето на првиот сет од страна на петтиот носител.

Во вториот сет, Медведев имаше фуриозен старт и освои четири гема во низа со што го навести крајот на сетот но и на мечот. Тиафо успеа да освои само еден гем во преостанатите осум гема со што доживеа убедлив пораз.

Нареден противник на Данил Медведев во четвртфиналето ќе биде неговиот сонародник Андреј Рубљев кој во четири сета со 4:6,6:3,6:3,6:3 го елиминира Италијанецот Беретини.

Кај дамите, последната четвртфиналистка е Викторија Азаренка која во три сета ја совлада Каролина Мучова. Поранешната прва тенисерка на светот славеше со пресврт и тоа со 5:7,6:1,6:4. Азаренка која слабо го започна мечот и доживеа брејк на свој сервис успеа да се врати во 10. гем од првиот сет кога израмни на 5:5 во веднаш потоа Мучова направи рибрејк и со сигурен сервис го освои првиот сет.

Одговорот на Азаренка беше брутален, вториот сет го освои за само 34. минути притоа правејќи два брејка.

Третиот сет помина во голема борба на двете тенисерки, Азаренка прва направи брејк но Мучова експресно возврати за 2:2 во гемови. Клучен за победникот беше седмиот гем кога Азаренка повторно прави брејк, но овој пат е сигурна на свој сервис и на крајот славеше со 6:4.

Нејзина противничка во четртфиналето ќе биде Елис Мертенс која во два сета со 6:3,6:3 ја совлада четвртата тенисерка на светот Софија Кенин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот