Урсула фон дер Лејен: Нема сигнал за одлука за проширување на ЕУ

Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на ЕУ.

– Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал- изјави Фон дер Лајен при доаѓањето на Самитот на лидерите на ЕУ.

Лидерите на ЕУ за време на вечерата во Брисел би требало да разговараат за можностите за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија.

Ова прашање дојде на агендата на Самитот на лидерите на ЕУ, откако за тоа не беше постигнат консензус на ниво на министри за надворешни работи.

Мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори со Скопје и Тирана, а Франција бара промена на методологијата на процесот на пристапување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот