Унија на ЗМСТАС: Поддршка за сестра Јилдиз Веапоска, надлежните да го решат случајот

Јилдиз Веаповска, пациентката од Дебар / Фото: Архива

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС” јавно ги осудува сите обиди за манипулација при разрешување на случајот со родилката од Дебар, воедно наша колешка и член на здружението, сестра Јилдиз Веапоска. 

Апелираме до надлежните овој случај да го решат што поскоро, пред се во име на хуманоста, но и во име на здравствените работници, односно медицинските сестри кои се незаменлива алка во здравствениот систем. Само на тој начин ќе се врати довербата во системот и во правичноста на нашата држава. 

„Сестра Веапоска по траумите кои и беа предизвикани при породувањето во струшката болница побара наша поддршка и реакција која секако ја добива како наш член, наша колешка, но и како жена и мајка која заслужува правдата да излезе на виделина. За жал предизвиканата штета е непоправлива, но овој случај мора да има транспарентен крај.” – реагираат од извршниот одбор на Унијата. 

Унијата на ЗМСТАС ги повикува сите членови и хумани луѓе јавно да ја дадат својата поддршка преку потпишување на петицијата и да побараат решавање на целиот случај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот