УМС на ВМРО-ДПМНЕ му понуди нови антистрес-играчки на вицепремиерот Груби

Фото: Скриншот

Пред министерството за политички систем и односи со заедниците група членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ остави неколку, како што рекоа младите вмровци, „антистрес-играчки“, откако минатата недела првиот вицепремиер Артан Груби се пофали дека во својата канцеларија заедно со сопартијците и министри се релаксира играјќи мал фудбал и кошарка.

-Вицепремиерската функција и успешното водење на најважното министерство во државата бараат големи напори и вистинска жртва. Многупати, оваа жртва во интерес на граѓаните се манифестира преку појава на нервоза и стрес. Сериозно сме загрижени за овие појави кај премиерот, простете, првиот вицепремиер, господинот Артан Груби. Сигурни сме дека макотрпната работа во интерес на народот и двоењето од својот џеб влијаат на неговото здравје и токму поради тоа упатуваме поддршка и нудиме помош., рече Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Од УМС потсетија дека неговиот стрес доаѓа од тоа што се покажал како  успешен претприемач и иноватор кој истовремено раководи со десетици бизниси.

-Како човек би бил целосно мирен кога во својот живот е оставен само со огромен фамилијарен дуќан на улица Македонија, еден скромен хотел на Попова Шапка, а единствени приходи обезбедува од провизии за минијатурни проекти како изградба на автопати. Веруваме дека човек кој храбро се бори за иднината на Македонија, без притоа да има личен бенефит, не треба да се остави да ги помеша спомениците на Адем Јашари и Дража Михајловиќ. Послужете се со оваа антистрес терапија и бидете сигурни дека младите секогаш ќе бидат на ваша страна, рече Манасиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот