Ултрадесничарскиот лидер на „Прауд бојс“ уапсен пред протестот за поддршка на Трамп

Фото: EPA-EFE/GAMAL DIAB

Лидерот на ултрадесничарската организација „Прауд бојс“ (Горди момчиња) Енрике Тарио е уапсен во Вашингтон поради палење на знамето на активистите на движењето „Црните животи се важни“ пред месец дена.

Тарио е обвинет дека минатиот месец намерно го уништувал туѓиот имот, соопштија од полицијата од Вашингтон, а сторителот на прекршокот наводно во декември признал дека го запалил транспарентот симнат од една црква која ја посетуваат Афроамериканци, пренесе Би-Би-Си.

По повикот на актуелниот претседател Доналд Трамп упатен до неговите приврзаници дека оваа недела треба да се соберат на демонстрации во Вашингтон, Тарио на социјалните мрежи објави дека „Прауд  бојс“ ќе се соберат во рекорден број на 6. јануари во американската престолнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот