Ултиматумот кој Кристијано Роналдо му го постави на агентот Жорге Мендеш

фото: EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо е играч на Ал Наср од Саудиска Арабија. Прославениот Португалец се одлучи таков чекор откако беше одбиен од сите клубови во кои сакаше да се приклучи за да продолжи да игра во Лигата на шампионите.

Жорге Мендеш не успеа да им го продаде и затоа стана негов поранешен агент.

Според „Ел Мундо“, разделбата на суперагентот и неговиот најпознат клиент се случи кога Мендеш не успеа да го исполни ултиматумот на славниот фудбалер. А тој гласеше: „Или Челси или Баерн или ја раскинуваме соработката“.

Освен од Челси и Баерн, Мендеш доби негативни одговори и од другите клубови на чии врати затропа. Наводно, португалскиот репрезентативец се обиде да влезе во Борусија Дортмунд, Наполи, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид и други, но под условите на Роналдо немало заинтересирани.

Роналдо на крајот се пресели во Саудиска Арабија каде ќе заработува околу 200 милиони евра годишно.

ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Роналдо повторно ги излакира ноктите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот