Организатор на настанот е Францускиот институт во Скопје

Уличен спектакл со наслов „Сонот на Ербер“ ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“

По повод 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје организира волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“, кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“.

Место на поаѓање на трупата „Кидам“ е пред Музејот на град Скопје, во 20 часот, а финалето на претставата е на Плоштад „Карпошово востание“.

Театарскиот перформанс е во изведба уметничката трупа „Кидам“, која остварува од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

По настапот на француската трупа, на објектот „Ибни Пајко“ ќе следува фантастичен видео-мапинг на Емил Петро, насловен „Франција во светлина!“

Настанот е поддржан од „Ист Гејт Мол“, „Зегин“, „Тиквеш“, „Еуроимпекс – Пежо“, „Публицис“ и „Биотек“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот