Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана во знак на поддршка
Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Македонија до понеделник, 26 февруари.
Пред Министерството за одбрана утрово беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка на Украина, во пресрет на двегодишнината од почетокот на руската инвазија, која започна на 24 февруари 2022 година.
Препорачано

Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет. Досега Владата на донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак, велат од Министерството за одбрана.
На чинот на подигањето на знамето присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска и украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа е потврдено и од страна на Петровска, на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, се додава во соопштението.
Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Македонија до понеделник, 26 февруари.


