Украинско обвинителство: Најмалку 500 деца загинаа во руската инвазија на Украина

Уништена зграда од руското гранатирање на Харков/Фото: EPA-EFE/VASILIY ZHLOBSKY

Најмалку 500 деца загинаа, а повеќе од илјада се повредени од почетокот на војната во Украина, соопшти денеска Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

Бројките се нецелосни поради тешкотиите при собирањето податоци во областите окупирани од руските сили, јави Радио Слободна Европа.

Обединетите нации (ОН) претходно објавија дека најмалку 9.396 цивили загинале, додека 16.646 се ранети.

Смртни случаи и повреди се регистрирани во повеќе од 1.500 населени места во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Инаку руските сили денеска гранатираа две села во јужната украинска област Херсон, при што загинаа шест цивили, меѓу кои и едно бебе.

„Брачна двојка и нивното бебе, старо само 23 дена, како и еден маж, загинаа во селото Широка Балка, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Ужас: Во руско гранатирање на Херсон загина брачен пар и нивното бебе родено минатиот месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот