Украински политичари, воени функционери и новинари преку Фејсбук биле таргетирани од хакери, велат од „Мета“

Сопственикот на Фејсбук, компанијата Мета/ Фото EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Платформата Мета соопшти дека хакерска група преку Фејсбук таргетирала неколку јавни личности во Украина, вклучително и истакнати воени функционери, политичари и новинари, поради тековната руска инвазија на земјата, пренесува Ројтерс.

Мета соопшти дека во последните 48 часа одделно отстранила мрежа од околу 40 лажни профили, групи и страници на Фејсбук и Инстаграм, кои оперираат во главно од Русија, но и од Украина и се насочени кон луѓето во Украина.

Портпаролот на Твитер рече дека исто така суспендирал повеќе од десетина профили и го блокирал споделувањето на неколку линкови поради кршење на неговите правила против манипулирање со платформата. Од таму соопштија дека нивната тековна истрага покажала дека сметките потекнуваат од Русија и се обидуваат да го попречат јавниот разговор околу конфликтот во Украина.

Во блог-објава во понеделникот, Мета ги препиша хакерските напори на групата позната како „Ghostwriter“, за која рече дека успешно добила пристап до профилите на социјалните мрежи. Мета рече дека хакерите се обиделе да објават видеа на Јутуб од профилите на кои се прикажани украинските војници како „слаби и немоќни“, вклучително и едно видео кое покажува украински војници како излегуваат од шума и веат бело знаме на предавање.

Безбедносниот тим на Мета соопшти дека презел чекори за да ги презеде таквите профили што ги користеле хакерите. Компанијата одби да ги даде имињата на кои било од поединците кои биде таргетирани, но рече дека ги предупредила корисниците.

Мета соопшти дека друга ваква кампања, која користеше голем број фиктивни личности, се наведуваше дека е со седиште во Киев и води мал број веб-страници кои се маскираа како независни вести. Овие медиуми објавија тврдења дека Западот ја предал Украина, а Украина е пропадната држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот