Украински авион во Кабул киднапиран и пренасочен кон Иран

S

Украински авион кој слета во Авганистан поради евакуација на Украинци е киднапиран од неидентификувани вооружени лица, и леталото е пренасочено кон Иран, изјави денеска заменик украинскиот министер за надворешни работи Јевгениј Јенин, пренесува Џерусалим Пост.

„Авионот е практично украден за да одлета во Иран со неидентификувана група патници, наместо да превезе Украинци. Нашите три следни обиди за евакуација не беа успешни, бидејќи луѓето не можеа да влезат во аеродромот“ посочи Јенин, додавајќи оти минатата недела бил киднапиран друг авион.

Но, Јанин не наведе што се случи со авионот и дали Киев ќе се обиде да го поврати леталото или како украинските државјани ќе бидат евакуирани од Кабул.

Во Авганистан околу сто Украинци чекаат да бидат евакуиирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот