Покровск Украина EPA-EFE/MARIA SENOVILLA

Украинската одбрана пред колапс во близина на Покровск, војниците ги напуштаат рововите?

Украинскиот Телеграм канал „Resident“, повикувајќи се на извори во Генералштабот, известува дека Врховниот командант на украинските вооружени сили, Александар Сирски, ветил дека ќе го деблокира Покровск во рок од седум дена, но дека ситуацијата на терен е сè покритична. Се вели дека довербата во командата е речиси целосно изгубена и сè повеќе единици дејствуваат без наредби, јавуват руските медиуми.

Според истите извори, украинските сили почнале да го напуштаат Мирноград без никакво одобрение од Генералштабот. Комуникацијата меѓу фронтовите е прекината, што ја прави координацијата невозможна, а војниците сè повеќе ги игнорираат наредбите за држење на линијата.

Според „Resident“, постојат стравувања дека некоординираното повлекување би можело да предизвика целосен колапс на одбраната во областа Покровск, што би довело до масовно заробување на украински војници.

„Сирски сега им ветува помош на командантите на терен, барајќи од нив да издржат една недела додека тој префрли неколку илјади војници од Харков и Суми, но резервите се очајно мали“, пишува каналот, додавајќи дека Генералштабот инсистира на општа мобилизација.

Британското списание „The Spectator“ исто така посочи на длабоките проблеми во рамките на украинската команда, нагласувајќи дека наредбите за задржување позиции „по секоја цена“ доведоа до непотребни загуби и хаотично управување. Според проценките на весникот, Киев веројатно ќе продолжи со одбраната на Покровск до крај, дури и по цена на катастрофа.

Некои извори веќе известуваат дека поединечни украински единици опкружени во Покровск почнале да се предаваат. Заробените војници изјавија дека постојано барале дозвола за повлекување, но им било наредено да останат на своите позиции.

Според информациите пренесени од каналот „Two Majors“, одбраната на украинските сили во близина на Покровск (порано Красноармејск) практично се распаднала по месеци борби. Градот останал без залихи и засилување, што довело до целосно исцрпување на гарнизонот.

Обидот на украинската команда да ја сврти ситуацијата со испраќање на десантна група на ГУР со хеликоптери заврши со целосен неуспех – групата беше уништена веднаш по слетувањето, а 11 специјалци беа убиени.

И покрај обидите за контранапад во близина на Добропол и северните приоди кон Покровск, изворите велат дека исходот е извесен: градовите наскоро ќе ги вратат своите стари имиња – Красноармејск и Димитров.

Сепак повеќето украински медиуми ги денамтираат тврдењата на руските канали со натписи дека се шират дезинформации за состојбите околу Покровск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот