Фото Украинска полиција

Украинската безбедносната служба СБУ разоткрила унгарска шпионска мрежа

Украинската безбедносната служба СБУ соопшти  дека разоткрила унгарска шпионска мрежа која собирала информации за украинската противвоздушна одбрана, каде притоа уапсила двајца шпиони.

„За првпат во историјата на Украина разоткривме унгарска мрежа на воено разузнавање која спроведувала шпионски активности против нашата земја“, објави СБУ.

Оттаму додаваат дека шпионската мрежа била создадена од военото разузнавање на Унгарија со цел да собира податоци за локациите на противвоздушните системи во западниот регион Закарпатија, кој граничи со Унгарија.

Според СБУ, шпионите исто така го испитувале јавното расположение на локалните жители за да го предвидат нивниот одговор во случај на упад на Унгарија. СБУ не даде назнаки дека наводниот заговор бил за помош на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот