Украинската армија се повлекла од Лисичанск

Архива СП Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинската армија денеска соопшти дека се повлекла од Лисичанск, стратешки град во источниот дел на земјата, кој со недели е под жестоки напади на руските вооружени сили и сепаратистите.

„Со цел да се зачуваат животите на украинските бранители (на Лисичанск), беше донесена одлука за повлекување од градот”, се вели во соопштението на Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во соопштението се додава дека „во услови на повеќекратна супериорност на руските војници во артилерија, авијација, ракетни фрлачи, муниција и персонал, продолжувањето на одбраната на градот би имало фатални последици”.

Русија утринава објави дека воспоставила контрола над Лисичанск.

Заземањето на градот значи дека руската армија и сепаратистите сега имаат целосна контрола над регионот Луганск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот