Украина успеа да врати 307 деца од окупираните територии

Бегалци Украина/Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Украина врати 307 деца од територијата контролирана од руските сили на истокот на земјата, вклучително и 8-годишно момче кое неодамна било вратено кај неговата баба, соопшти украинскиот омбудсман.

Украинските власти проценуваат дека повеќе од 16.000 деца се депортирани во Русија од почетокот на руската инвазија пред една година, но Русија тврди дека луѓето доброволно биле евакуирани од Украина.

„Канцеларијата на Комесарот за човекови права на крајот на февруари прими барање да помогне да се извлече дете од територијата која е привремено под руска окупација“, изјави народниот правобранител Дмитро Лубинец.

„Во рок од неколку дена, со помош на персоналот на канцеларијата на Народниот правобранител, Сашко се сретна со неговата баба“, рече тој без да открие детали за операцијата.

Во првите месеци од војната е забележано најмногу движење и миграција на луѓе. Руското министерство во средината на август објави дека 3,5 милиони луѓе, вклучително и повеќе од половина милион деца, биле однесени во Русија.

Според украинското државно обвинителство, во војната досега загинале 464 деца. Полицијата проценува дека околу 356 од нив се исчезнати. Русија постојано ги отфрла обвинувањата дека намерно гаѓа цивили, како и обвинувањата дека насилно ги преселила Украинците.

Арина Јациук, украинското девојче кое исчезна откако руските војници ѝ ги убија родителите

ИНФОГРАФИК: Каде најмногу се иселуваат украинските бегалци?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот