Украина тврди дека нејзината војска напредува кон Лисичанск

украински војници украина киев
Украинска војска/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Сергиј Хајдај, украинскиот гувернер на областа Луганск, која е целосно под контрола на руските сили, изјави дека украинските сили напредуваат кон предградието на Лисичанск.

Хајдај за телевизијата Суспилне изјави дека жителите виделе украински војници во близина на предградијата.

Според него, во текот на ноќта, украинските војници го подигнале украинското знаме над Кремин, град во близина на Северодоњецк. Тој додаде дека „руските окупатори и нивните соработници масовно ги напуштаат населените места во регионот на Луганск”.

Во меѓувреме, Олександр Журављов, украинскиот градоначалник на окупираниот Лиман во источниот регион Доњецк, за телевизијата Суспилна изјави дека украинските сили водат жестоки битки со руската армија во предградијата.

Украинското знаме сè уште не е подигнато над Лиман, рече Журављов.

Тој додаде дека руските сили даваат отпор на украинското напредување кон Лиман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот