Стив Виткоф спецјален пратеник на Трамп EPA-EFE

Украина: Продолжуваат разговорите за решавање на војната со посредство на САД

Украинските и американските преговарачи се состанаа во Флорида во саботата за да најдат излез од војната меѓу Украина и Русија, а за денес се закажани повеќе разговори, пренесува Ројтерс.

Руските преговарачи не беа присутни на состанокот.

„Продолживме да разговараме за клучните прашања и следните чекори во процесот на преговори“, изјави за Икс главниот украински преговарач Рустем Умеров.

„Особено внимание беше посветено на конвергенцијата на пристапите за понатамошен напредок кон постигнување практични резултати“, додаде тој.

Руските и украинските преговарачи се состанаа двапати оваа година на разговори спонзорирани од САД во Обединетите Арапски Емирати и одржаа уште една рунда разговори во Женева во февруари. Москва и Киев се согласија за размена на затвореници, но не беше постигнат никаков друг напредок.

Белата куќа го нарече последниот состанок „конструктивен“, при што дискусиите „се фокусираа на стеснување и решавање на преостанатите прашања со цел приближување кон сеопфатен мировен договор“.

Умеров и украинскиот претседател Володимир Зеленски рекоа дека нови разговори ќе се одржат денес.

Американскиот преговарачки тим го предводат Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и неговиот зет Џаред Кушнер.

Коментирајќи ги дискусиите, Виткоф за Икс изјави дека американската страна ја поздравува „континуираната посветеност на решавање на отворените прашања, признавањето на важноста на пошироката глобална стабилност“.

Тој, исто така, му се заблагодари на Трамп „за неговото континуирано водство во унапредувањето на напорите“. Од своја страна, Умеров им се заблагодари на САД за „доследната работа“ насочена кон унапредување на разговорите.

Во својата вообичаена вечерна видео порака, Зеленски рече дека продолжувањето на преговорите е клучно за постигнување договор.

„Важно е за сите нас во светот дипломатијата да продолжи и да се обидуваме да ја завршиме оваа војна (…) Никој не ја сака оваа војна“, нагласи тој.

„Најважно е да се разбере колку е подготвена руската страна да се движи кон вистински крај на војната и дали е подготвена да го стори тоа со чесност и достоинство“, истакна украинскиот претседател.

Четири мртви и без струја

Во меѓувреме, во руските напади во југоисточна Украина во неделата загинаа четири лица и поголемиот дел од покраината Чернигов беше потопен во темнина, изјави официјален претставник.

Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека еден маж и една жена се убиени во руски напад, а шест други, меѓу кои шест деца, се ранети.

Во соседната покраина Дњепропетровск, официјални лица изјавија дека две лица се убиени југоисточно од главниот град Дњепарк. Уште пет лица се ранети во напади во различни делови од покраината.

Зеленски истакна дека руските напади го прекинале снабдувањето со електрична енергија во Черниговската област, која граничи со Русија и Белорусија.

Од своја страна, гувернерот на Чернигов, Вјачеслав Каус, изјави дека се преземаат напори за санирање на штетата предизвикана од беспилотно летало врз енергетски објект.

Проблеми со водоснабдувањето и електричната енергија се забележани и во области на Киев, по инцидент, како што го опишаа локалните власти, во енергетската мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот