Божиќна порака на Зеленски/Фото: Скриншот

Украина постигна историски договори на Блискиот Исток, вели Зеленски

Ние ги извезуваме нашиот систем на заштита, вештините на нашите војници и знаењето што го поседува нашата држава. А од овие партнерски земји очекуваме возвратен безбедносен ангажман, напила Володимир Зеленски во својата објава на „Икс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот ја оцени својата турнеја низ земјите од Блискиот Исток како успешна и изјави дека биле постигнати или се разгледуваат повеќе договори за безбедносна соработка, објави „Ројтерс“.

„Тоа беше многу плодна посета на Блискиот Исток и регионот на Заливот. Веќе имаме историски договори со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и со Катар. Работиме и со Јордан и со Кувајт. Рустем Умеров моментално е во регионот и продолжува со политичките преговори на високо ниво, денес ми поднесе извештај, а веќе има и дополнителни барања од Бахреин и Оман. За Украина, ова не е само прашање на престиж и почит кон нашиот народ, ова е многу практично прашање. Ние ги извезуваме нашиот систем на заштита, вештините на нашите војници и знаењето што го поседува нашата држава. А од овие партнерски земји очекуваме возвратен безбедносен ангажман. Веќе се договоривме за можности за зајакнување на противвоздушната одбрана, за заеднички развој на одбранбеното производство и за енергетска соработка, вклучително и дизел и други клучни набавки што ни се потребни токму сега,“ напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Долгата војна во Иран носи предност за Русија и ѝ штети на Украина, предупредува Зеленски

 

Катар и Украина постигнаа договор за одбранбена соработка, со кој ќе се овозможи размена на знаења и искуства во справувањето со закани од ракети и беспилотни летала. Договорот бил финализиран по средбата во Доха меѓу катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал Тани и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во рамки на неговата  турнеја низ земјите од Персискиот Залив. Тоа е уште еден во низата договори што Киев ги постигна, по претходните договори со Саудиска Арабија и со Обединетите Арапски Емирати.

Според катарското Министерство за одбрана, двете страни разговарале за безбедносните состојби во регионот и за можностите за подлабока соработка, по што документот го потпишале високи воени претставници на двете земји. Договорот опфаќа и технолошка соработка, како и инвестиции во одбранбениот сектор.

Украина на овој начин настојува да им понуди помош на земјите од Заливот, користејќи го сопственото искуство од војната и развојот на дронската технологија, а паралелно се обидува да обезбеди и дополнителна поддршка од богати партнери во момент кога вниманието на САД е свртено кон други кризи.

Зеленски ја започна турнејата во регионот за да понуди украинско знаење и искуство за тоа како да се спротивстават на нападите со дронови што Иран ги користи во конфликтот со САД и Израел, кој се прошири низ Блискиот Исток.

Катар и Украина потпишаа договор за одбрана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот