украинска војска/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Украина: Го поддржуваме моделот „мир преку сила“

– Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, денес изјави дека завршувањето на војната со Русија е можно само со сила и дека Киев го поддржува моделот „мир преку сила“.

„Нашите херои загинаа. Ова немаше да се случи ако Путин не ја започнеше војната, која мора да се заврши сега. Ова е можно со сила. Мир со сила – ние го поддржуваме токму овој модел. Силните одлуки на американскиот претседател Доналд Трамп, зајакнувањето на Украина преку помош и најдоброто, американско оружје. Слабеењето на Русија преку санкции, како и преку порази на фронтот“, напиша Јермак на Телеграм, откако заедно со специјалниот претставник на американскиот претседател Кит Келог, им оддаде почит на украинските бранители и положи цвеќе на Ѕидот на сеќавањето на плоштадот „Свети Михаил“ во Киев.

Андриј Јермак
/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според него, украинскиот воено-индустриски комплекс (МПК), заедно со американскиот и европскиот, е способен да ја обезбеди стабилноста на западната безбедност.

„Украинското оружје веќе предизвикува загуби на непријателот во позадина. Правдата се постигнува со сила.  Путин ќе изгуби, неговиот режим, изграден врз геноцид, ќе изгуби. И така ќе биде“, рече Јермак и му се заблагодари на Келог „за постојаната комуникација, меѓусебното разбирање и конструктивната визија, поддршката за Украина и слободата“.

Јермак истакна дека Украина сè уште има многу да направи, но дека е „дефинитивно на пат кон вистината“. „Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, секогаш велеше дека Путин разбира само сила. Путин постојано лаже и одложува. На овие позиции, претседателот на Украина и претседателот на САД, Доналд Трамп, имаат целосно меѓусебно разбирање. Силните лидери секогаш победуваат“, заклучи Јермак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот